Која храна всушност треба да ја избегнувате?
Здравата исхрана стана тренд во целиот свет. Сè повеќе луѓе се обидуваат да се хранат здраво.
Здравата исхрана е важна не само за добриот изглед, туку првенствено за здравјето. Храната, или она што го внесувате во организмот, многу влијае на вашето здравје и затоа е важно да внимавате на храната што ја јадете.
Постојат намирници кои се сметаат за здрави, но во големи количини всушност можат да бидат лоши за вашето здравје, па затоа ви откриваме намирници за кои погрешно мислите дека се здрави.
1. Туна
Иако туната е многу хранлива, таа исто така е богата со жива во споредба со повеќето други риби. Затоа, треба да се јаде умерено – не секој ден.
Туната содржи жива, опасен метал кој може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
2. Сушено овошје
Сушеното овошје е полно со фунгициди и сулфур диоксид, а често има и додадени шеќери.
3. Маргарин
Маргаринот содржи транс-масти, опасни конзерванси и многу полинезаситени масни киселини.
4. Овошен јогурт
Овошниот јогурт, за разлика од обичниот јогурт, е полн со вештачки засладувачи, шеќер и калорични адитиви.