Fendi е модна куќа која меѓу другото е позната и по своите чанти. Нивната колекција содржи голем број класични чанти, но веројатно најпознатата чанта на брендот Fendi е Baguette.
Но, уште една чанта на Fendi стана многу популарна и сите сакаат да ја имаат во својата гардероба, за што сведочат многуте инфлуенсерки кои ја носат токму оваа чанта. Станува збор за чантата на моделот Fendigraphy.
Се рабоати за многу класична чанта, со многу едноставен дизајн. Она што ја прави посебна оваа чанта се златните метални букви со името на брендот, односно Fendi.