Куркумата е зачин за кој бројни истражувања покажуваат дека благотворно делува на здравјето – ви пренесуваме 3 рецепти како да ја користите …
Таа со векови е водечка билка во ајурведската медицина и е многу повеќе од ароматичен зачин. Чудесниот корен кој ни го дала природата се користи за детоксикација, зајакнување на имунитетот, содржи витамини и минерали, ја чисти крвта и има антивоспалителни својства.
1. Пијалок од куркума
Измешајте сок од половина лимон, 1/4 лажичка куркума во прав, прстофат морска сол и 350 мл вода. Измешајте сè и консумирајте пред оброк.
2. Супа од куркума
Додадете 1 рамна лажичка куркума во 1 литар органска супа од зеленчук. Гответе околу 15 минути, а потоа додадете малку црн пипер и магдонос. Послужете и уживајте во интензивниот вкус полн здравје.
3. Смути од куркума
Во блендер ставете 2 лажици кокосови снегулки, замрзнато манго или ананас (1 ½ чаша), половина шоља бадемово или кокосово млеко, 1 лажичка куркума во прав, 1 лажичка чиа семе и прстофат црн пипер. Измешајте ги сите состојки додека не добиете единствена смеса и уживајте во сладок пијалок полн со хранливи материи.
Покрај овие рецепти, можете да го направите добро познатиот лек од куркума и мед што се зема секое утро како природен антибиотик.
Куркумата не е само магичен прав за здравје, туку и за убавина, па можете да ја користите според традиционален индиски рецепт за да направите маска за коса, маска за лице и пилинг.