На 1 октомври ќе се случи 18-то издание на Бела Ноќ, едно од највозбудливите и можеби најинтересни настани во Македонија. Вечерта ќе обилува со настани и културна програма во кои Скопје и скопјани ќе уживаат во посета на ? Концептуални изложби; ? Театар на отворено; ? Камерен оркестар; ? Кино проекции;?♂️ Магионичарско шоу; ? Диџеи и многу други културни настани…
? Културно информативен центар – Скопје се придружува со своја програма во склоп на Бела ноќ.
БЕЛА НОЌ 2022
Мултимедијална манифестација „КИЦ Артленд“
? 1 октомври 2022, ⏰19ч.
? Културно информативен центар – Скопје
? Белата ноќ под името „КИЦ Артленд“ и целовечерна културна програма во облик на мултимедијална манифестација, ќе се случи и во Културно информативниот центар – Скопје.
? Како круна на овој настан ја имаме и големата изложба на државната манифестација „Денови на македонска фотографија“ во организација на „Фото сојуз на Македонија“, која го слави својот 60-ти роденден!
? Целосната програма во продолжение…
П Р О Г Р А М А
?Салон Империјал II, ⏰19 ч.
– Алекс Петковски (инструментал)
– Официјално отворањe
– Ристина Николова и Ивона Нацевска (поетско читање)
– Вокален состав „Мелизма“
?Салон Империјал I, ⏰19:30 ч.
– 60-то јубилејно издание на „Денови на македонска фотографија“
– Академски хор Мирче Ацев
?Салон Империјал II, ⏰21ч.
– Трио Џентлмен (концерт)
– Огнен Здравковски (концерт)
– Елена Пренџова и Нино Наумовски (поетски перформанс)