ДОБРЕДОЈДЕ ЕСЕН :)
Заводливиот “cat look” е голем хит на претстојната сезона.

“Cat-eye” е изглед на кој секогаш се навраќаме кога сакаме да изгледаме гламурозно и секси, без разлика дали за дневни или вечерни верзии.
Смелите „мачкини“ очи се класика на сите времиња, која се здоби со популарност уште во времето на стариот Холивуд, кога шминката имаше посебен акцент на очите.
Со оглед на тоа што е дел од безвременски изглед, би било погрешно да се нарече тренд бидејќи овој изглед е постојано присутен, како на модните писти, така и во секојдневниот изглед.