Британската кралица Елизабета Втора никогаш не дала интервју за време на нејзиното 70-годишно владеење, но нејзините јавни говори понекогаш даваат увид во нејзините размислувања. Ги истакнуваме најинспиративните цитати.
Секој нејзин збор беше одмерен и однапред добро осмислен, а во продолжение ви пренесуваме 15 од најинспиративните цитати.
„Со текот на годините, тие кои ми изгледаа најсреќни, најзадоволни, беа секогаш оние кои живееја најотворени и најнесебични животи.
„Секогаш беше лесно да се мрази и уништи. Многу е потешко да се гради и негува“.
”Не се сфаќајте себеси премногу сериозно. Никој од нас нема монопол на мудроста“.
„Не знам ниедна формула за успех, но со текот на годините забележав дека некои лидерски атрибути се универзални и често се однесуваат на изнаоѓање начини да се поттикнат луѓето да ги комбинираат своите напори, нивните таленти, нивните согледувања, нивниот ентузијазам и инспирација за работа“.
„Нашиот модерен свет поставува толку строги барања што потребата да се потсетиме на нашата одговорност кон другите е поважна од кога било.
„Дури и кога животот ви изгледа многу монотон, она што го правите секогаш има вистинска вредност и важност за вашите најблиски“.
„Вреди да се запамети дека често малите чекори, а не џиновските скокови, водат до најтрајната промена“.
„Иако сме способни за големи добри дела, историјата нè учи дека понекогаш треба да се спасиме од себе – од нашата несериозност или нашата алчност“.
„Кога животот почнува да изгледа тежок, храбрите не лежат, прифаќајќи го поразот; наместо тоа, тие се уште порешителни да се борат за подобра иднина“.
„Тагата е цената што ја плаќаме за љубовта“.
„Боли да се смеам постојано. Зошто од жената се очекува постојано да биде радосна? Ако некој изгледа сериозно, тогаш сите автоматски претпоставуваат дека тој е сериозна личност, а не несреќна“.
„Како и сите семејства, и ние имаме свој дел од ексцентричности, бурни и своеглави млади мажи и семејни несогласувања.”
„Секој ден е нов почеток и знам дека единствениот начин да го живеам мојот живот е да се обидам да го правам тоа што е правилно, да гледам напред, да прифатам се што ќе донесе денот и да му верувам на Бога“.
„Сите ни се соседи, без разлика на вера или боја на кожа”.
„Ниту една возрасна група нема монопол на мудроста и навистина мислам дека младите понекогаш можат да бидат помудри од нас. Но, колку повеќе стареам, толку повеќе ги сфаќам тешкотиите со кои младите треба да се соочат во современиот свет“.