НИКОЛ КИДМАН ПРЕДИЗВИКА ВООДУШЕВУВАЊЕ ВО ПАРЧИЊАТА НА DIESEL: Во шестата деценија покажа импресивна линија и самодоверба
(Никол Кидман е американска и австралиска актерка и продуцент. Позната по нејзината работа во различни филмски и телевизиски продукции од повеќе жанрови, таа постојано останува една од најплатените актерки во светот.
Rодена на 20 јуни 1967, Место на раѓање: Хонолулу, Хаваи, Соединети Американски Држави – добитничка на бројни награди како Оскар, Награда Еми …)
Никол Кидман позираше за едиторијалот на The Perfect Magazine, а фотографиите веќе станаа вирални.
Покрај тоа што е врвна актерка, Никол Кидман и во шестата деценија многу добро знае да крене прашина. Откако го преплави интернетот со нејзината февруарска насловна страница на Vanity Fair позирајќи во мини здолниште со низок струк и кроп топ, таа повторно го направи тоа, во малку поинаков, но подеднакво впечатлив стил.
Имено, Никол позираше за насловната страница на The Perfect Magazine и откри дека е во завидна физичка форма. Како здолниште избра велосипедски појас, додека под маицата се гледаат нејзините затегнати стомачни мускули.