Некои ги мразат, некои ги сакаат, но дефинитивно се хит на летото ….
Можеби не се „гламурозни“, но со текот на времето овие едноставни кломпи станаа класика дури и во најстилската гардероба, а Birkenstock веќе не е синоним за удобност по дома, туку и за висока мода (о, да, дури и соработува со Manolo Blahnik).
Историски гледано, моделот Аризона со двојни ремени беше култен избор, но ова лето, светот на модата прифати уште еден стил на сандали од Birkenstock: моделот Бостон. Станува збор за slip-on кломпа со заоблен врв и тока која првпат беше лансирана во 1977 година, па така, го издржа тестот на времето.
Станува збор, дека овие едноставни кломпи совршено го одразуваат тивкото, опуштено расположение што ја придружува летната сезона – мирисот на морскиот брег веднаш се шири во воздухот. Ние го сакаме тоа што повеќето стилски девојки ги носат неочекувано – со фармерки и елек, но одлично одат и со лелеави фустани, ѕвонарки, па дури и кошули и бициклистички панталони (фаворит на Французинките).