Ниту една жена не смее да го помине цело лето во тегет панталони и бела маичка, без разлика колку и се допаѓа тоа.
За малку да ја освежите колекцијата, доволно е да набавите ова лето: памучен фустан, здолниште или кошула со цветен дезен, едно парче во боја која „вреска“ – на пример, портокалова или циклама и трендовска чанта или сандали.
Прилагодете го изборот на она што го наоѓате по добра цена или изберете артикал што не сте го купиле во последните неколку години – на пример, чанта или сандали.
Пребарајте го веќе започнатото намалаување на цените и сигурно ќе најдете нешто од оваа листа, а ние ви даваме инспирација во галеријата со 3 слики!