Долгоочекуваното време за одмор и незаборавни летни авантури е во тек.
За вас кои сè уште ги планирате своите патувања и интересни забави во вој период, подеднакво е важно правилно да ја спакувате вашата гардероба за одмор, а ние ќе ви помогнеме со неколку совети …
Светли елементи
Одморот не е време на здодевни обични изгледи, туку одлична прилика да го збогатите вашиот живот со богати бои.
Слободен стил
Заборавете на строгоста и формалноста. Лесно приспособување и оригиналност се во тренд. Иако понекогаш сакате да покажете некое модерно парче, но, за време на летната авантура најважна е комоцијата и лежерноста.
Капсула гардероба
Ова е веројатно најважното нешто на оваа листа – функционално решение би било да се одлучите за мал број работи кои одлично одат една со друга.