Mодни трендови за сезоната лето 2022 …
Зборот кој ги опишува новите колекции е секако оптимизам. Лесна, едноставна облека и светли бои ги одбележуваат летните денови кои претстојат.
Необични бели фустани
Белите фустани се незаменливи за лето, а на сите ревии за лето 2022 година беа видени бели фустани изработени од најразлични материјали со нежни детали од тантела. Ленот е секако еден од омилените материјали за лето, па така и летово модерни се ленените фустани со цветни детали.
Светла палета на бои
Смелите, храбри и весели бои се хит ова лето.
Широка палета на ведрина од зелената, преку сина до портокалова и кралицата на летната сезона – розовата, присутна речиси на сите предмети.