За вас избравме неколку модни парчиња кои ќе го истакнат вашиот аутфит.
Очила со необични бои и форми
Првото нешто што некој ќе го забележи кај вас во текот на летните денови се впечатливите очила за сонце. Изберете стилска и необична рамка во светла боја како сина, зелена или црвена. Овие очила ќе ја подигнат секоја ваша модна комбинација на повисоко ниво.
Метални ремени
Фармерките или обичните фустани можете да ги комбинирате со златни, метални ремени кои целосно ќе ги променат. Со овој потег ќе добиете модерна комбинација за град или работа.
Впечатлив накит во боја
Накитот во боите на виножитото е вистинскиот избор оваа пролет. Зелените ланчиња, големите шарени обетки и алки со впечатливи детали ќе ја разубават секоја модна комбинација. Летото е сезона кога секој накит е повеќе од прифатлив.