Нов бохо стил 2022
Новиот тренд е фокусиран на занаетчиството и ткаењето, а богати бои и детали ги красат овие креации. Оние на кои овие дизајни им се малку претерани, со овие дезени ќе можат да најдат модни додатоци кои полесно ќе се вклопат со остатокот од стајлингот.
Isabel Marant
МАКСИ ДОЛЖИНА ЗА РАСКОШНИ ЛЕТНИ ФУСТАНИ
Ова лето повторно модерни се фустани и здолништата со макси должина. Louis Vuitton и Givenchy исто така ја поддржаа оваа идеја во своите колекции.