ПРАКТИЧНИ И СЕ НОСАТ ВО СИТЕ ПРИЛИКИ: Овие фустани се хит од сезона во сезона во гардеробите на трендсетерките
Сјајниот сатен може да се пофали со гламурозен изглед кој доаѓа до посебен израз во форма на фустани.
Првично користен како материјал за прекривачи, сатенот брзо влезе во модната сфера благодарение на својот луксузен изглед.
Неговата сјајна страна, истовремено гламурозна и шик, внесува дополнителна вредност на гардеробата, а при спомнувањето на сатен и фустани, невозможно е да не се споменат и слип моделите.