Огромна промена на минималистичкиот стил …
Трендовите за внатрешен дизајн оваа година се фокусираа на детали, дезени, бои, менување на строгите линии и минимализамот од тронот. Оваа естетика значително се почувствува во уредувањето на кујните.
Плочките со шари добија огромна популарност во новите кујни, внесувајќи чувство на топлина и удобност, давајќи безброј можности да внесете личен печат на овој стил. Природните материјали и боите кои нè опуштаат, пак, го враќаат рустикалниот тренд во центарот на интересот, така да масите, столовите, дури и деталите во вид на греди од масивно дрво се апсолутен “must have” оваа година.
Заборавете да ги криете сите ваши прекрасни шољи, чаши и чинии во шкафовите бидејќи една модерна кујна бара отворени полици за да ги покажете сите тие прекрасни садови + сè е на дофат на раката. При изборот на кујнски елементи, не заборавајте на оние во златна боја, бидејќи трендовите велат: меки, топли и луксузни.
Во галеријата ви ги пренесуваме сите потребни трендови за декорација на кујната.
РУСТИЧНИ ЕЛЕМЕНТИ
ЦРНО-БЕЛА ЕСТЕТИКА
ЗЛАТНИ ДЕТАЛИ + ПЛОЧКИ СО ШАБЛОНИ
ОТВОРЕНИ ПОЛИЦИ
ЗАОБЛЕНИ И МЕКИ ЛИНИИ