Доколку сакате да ја обновите вашата летна колекција, ова се боите кои ќе бидат вистински хит во претстојните летни месеци.
Летото пристигна со топлите и сончевите денови, а и бојата на нашата гардероба се менува, посветлите и повпечатливите бои доаѓаат до израз, а во комбинација со исончаниот тен ќе ја направат секоја жена божица на стилот.
Ви ги откриваме 6-те бои во кои ќе блеснете во текот на летото 2022 година.
1. Бела
Белите парчиња за лето не само што се убави, туку и практични. Ќе ја намалите топлината, а вие ќе бидете средени и стилизирани во бело за секоја пригода, од прошетки до вечерни излегување. Во комбинација со златни металик детали и кожа во боја на цимет, ќе бидете забележани на секој чекор.
2. Кафена
Иако темна боја, одлично оди со летото и во неа ќе изгледате луксузно и софистицирано. Без разлика дали ќе се одлучите за топла боја на карамела, коњак или камел нијанса, облеката и обувките во овие бои нежно ќе се спојат со исончаниот тен и ќе изгледате елегантно и скапо.
3. Сина
Сината е застапена во сите нијанси ова лето – од пастелни тонови до „електрични“ сини нијанси. Од секојдневни фармерки до строги деловни кошули, сината е насекаде. Доколку сакате да ја вклучите во вашата гардероба, а не би сакале да инвестирате во сина облека, набавете чанта во бојата на летото не и збогатете го секој стајлинг со неа.
4. Виолетова
За разлика од зимските и есенските периоди кога доминира виолетовата боја, во топлите денови предност имаат нијансите на јоргованот и лавандата. Нежните и пастелни тонови можат да се видат насекаде, од чевли до лелеави фустани. Ако пробате облека од оваа боја на исончана кожа, ќе ја засакате за секогаш.
5. Зелена
Неизбежна боја веќе неколку сезони, која во преден план ја донесе брендот „Bottega Veneta“ со својата позната чанта. Ова лето во центарот на вниманието се малку потемните нијанси, од смарагдните нијанси до бојата на зелената трева. Набавете си ефектни сандали во зелена боја и збогатете ја со нив и наједноставната комбинација на облека.
6. Розова
Од светли фуксија тонови до малку понежни нијанси на розова Барби, вашиот свет ова лето ќе биде обоен розово каде и да одите. Направете го истото со вашата гардероба и набавете му засилување во вид на мал розов сатенски фустан или кошула и бермуди во иста боја. Контрастот помеѓу бронзениот тен и светкавите розови тонови ќе ги привлече сите погледи во ваша насока.