Британската модна уредничка Дина Вантулекен вели дека секој треба да постави одредена граница кога се во прашање цените на чевлите и облеката.
‘Ниту една жена не смее да го помине цело лето во темносини панталони и бела маичка, колку и тоа да и се допаѓа“, убедлива е Дина.
За да ја освежите вашата гардероба доволно е да набавите:
1. лесен летен фустан, здолниште или кошула со мал цветен дезен,
2. едно парче во боја која „вреска“ – на пример, портокалова или „циклама“ и
3. Тренди чанта или сандали.
Важно е сè да прилагодите на вашиот стил и да размислите дали навистина ќе го носите, а не само поради цената која одговара на вашиот буџет.
Истражете ги high-street продавниците и другите брендови каде што распродажбата веќе започна и сигурни сме дека ќе најдете парчиња кои одговараат на вашиот буџет!