GLAMI, водечкиот европски моден пребарувач, неодамна спроведе истражување наречено „Fashion (Re) Search“, кое е единственото истражување посветено на модниот сегмент, кое може да ги следи и евидентира актуелните трендови во тринаесет европски земји.
Двете најзастапени возрасни групи, кои учествуваа во студијата, беа на возраст од 35 до 44 и 45 до 54 години. Во нивните одговори, испитаниците открија како реагираат на развојот на пазарот и кои трендови ги претпочитаат, само неколку недели пред првото лето без корона, по речиси три години.
По речиси две и пол години пандемија, Европа се најде среде финансиска нестабилност и инфлација, која значително влијае на различни сегменти од нашето секојдневие, вклучувајќи ги и навиките на потрошувачите. Истражувањето GLAMI покажа дека и покрај тоа што повеќе од половина од испитаниците (72%) изјавиле дека малото, но забележливо зголемување на цените на облеката и обувките сè уште не е значителен „проблем“ за нивната шопинг кошничка.
Женски трендови кои ќе го одбележат ова лето
Покрај навиките на потрошувачите и што влијае на купувањето облека, обувки и други артикли за облека, половина од жените (52%) го избраат трендот на спортска и удобна облека, како прв избор за ова лето.
Вториот најчест одговор бил елегантна и романтична облека (28%), а останатите не биле сигурни.
А која боја ќе преовладува ова лето, одговорот е видлив и во резултатите, испитаниците одбрале нежни, пастелни бои како бела, беж и посветли нијанси на сина и розова. Дури 66% од испитаниците потврдиле дека имаат навика да ги препакуваат куферите за летните одмори, но и покрај тоа секогаш носат иста облека.