Вообичаено, долгите фустани не се препорачуваат за жените со поголеми облини, бидејќи тежината на ткаенината може да додаде уште поголем волумен. Сепак, постојат исклучоци од ова правило, а тоа се тенките и лелеави летни макси фустани.
Оваа сезона цветниот дезен е исклучително популарен. Дезенот е помодерен на темна, главно црна подлога, но колку деновите стануваат посончеви, толку и посветлите дезените стануваат атрактивни.
Модерни се плисираните фустани, како и фустаните со набори и волани. Не можете да погрешите со изборот на бои оваа сезона. Модерни се пастелните нијанси, силните бои, но и црната.
Ако знаете да шиете или имате своја шивачка, погледнете неколку инспиративни долги фустани, кои нема да додадат тежина на вашиот изглед.
Свечените долги фустани за пополни личности се од колекцијата ASOS CURVE