Идеално за студените и дожливи денови, пончото може да биде елегантно парче за излегување …
Долго време пред да почнат да ги носат Европејците и долго пред моќната куќа Burberry да ги направи персонализирани – по кои полуде целиот свет (барем ѕвездите од Холивуд), пончо моделите беа популарни во Јужна Америка, а најчесто ги носеле мажите од подножјето на Андите, како надворешна заштита од ветер, дожд и студ.
Денес пончоата имаат иста цел (да не штитат од неповолните временски услови), само што сега станаа репрезентативно модно парче, идеално за студените денови, особено ако се од волна. Најдобро изгледаат со фармерки, кратки чизми и капа, а кога се од лесни материјали, идеални се како помошна јакна. Доколку се направени од непробојни материјали, можат да послужат и како заштита од дожд.
Пончото можете да го носите опуштено или да го врзете со ремен, тогаш станува елегантно парче облека. За повеќе инспирација, погледнете ја галеријата со познати личности кои го обожуваат ова парче од облеката.