Која храна може позитивно да влијае на растот на косата?
Губење на косата, однодно ретка и слаба коса им пречи на многумина.
Пролетта е позната по зголеменото опаѓање на косата, а тука е и короната која како последица предизвикува губење на косата кај многумина.
Доколку сте еден од оние „среќници“ кои немаат генетски бујна коса, а сте ја поминале короната и изгубиле многу коса или едноставно ви паднала косата поради пролетта, ве информираме кои пет намирници помагаат во закрепнувањето, односно растот на косата.
1. Јајца
Јајцата содржат протеини, цинк, биотин и други клучни елементи за стимулирање на растот на косата.
2. Краставици
Краставиците се богати со антиоксиданси, бета каротен и силициум, кои го подобруваат побрзиот раст на косата.
3. Лосос
Лососот е одличен извор на омега-3 масни киселини кои го намалуваат опаѓањето на косата и ја зголемуваат густината.
4. Бобинки
Бобинките создаваат амино киселини кои позитивно влијаат на побрз раст на косата.
5. Спанаќ
Спанаќот е богат со железо и витамин А кои се неопходни за производство себум на скалпот.