Во низата модни соработки се појави уште една која не води во светот на „фантазијата“.
Stella McCartney и Disney неодамна се здружија за да ја претстават колекцијата инспирирана од легендарниот анимиран филм од 1941 година, „Фантазија“.
Малата унисекс капсула колекција ја комбинира модата и фантазијата и содржи нови принтови на Disney Fantasia и оригинална графика. Колекцијата може да се пофали со еклектична употреба на безвременски визуелни елементи и заеднички вредности на славење на природата, музиката и експерименталната креативност, со што се обезбедува совршено бегство од реалноста.
Колекцијата е целосно изработена од вегански материјали, вклучувајќи органски памук, рециклиран најлон и рециклиран полиестер.