Доколку сакате да го разубавите вашиот изглед ова лето, Bvlgari x Casablanca е колекција која го заслужува вашето внимание. Од 2017 година, брендот Bvlgari соработува со различни брендови на континуирани заеднички серии во кои симболот на куќата, Serpenti, се реинтерпретира низ очите на талентираните креативци.
Соодветно наречена „Serpenti Through the Eyes Of“ овогодинешната колекција беше претставена во соработка со парискиот бренд Casablanc, познат по комбинирањето на спортската естетика и смелите тропски принтови. Преку соработката, Serpenti доби нов живот преку забавна и модерна капсула колекција.
За да го разберете концептот кои стои зад колекцијата, замислете го ова: модерна жена ги напушта тениските терени по возбудлив натпревар и продолжува на следната точка од нејзината напорна агенда. Тоа е шик, елегантно олицетворение на милениумското наследство на Serpenti и ја слави храбрата урбана жена која не прави компромиси кога е стилот во прашање.
Колекцијата вклучува седум различни дизајни, а линијата е поделена на две лансирања, од кои секоја раскажува посебна приказна – Apres Tennis и Mosaic.