Пролетните стајлинзи на Хајди Клум ја откриваат нејзината смела, а во исто време и “откачена” страна … 48-годишната манекенка со неприкосновена линија знае да се забавува со модата и да си игра со комбинирање на различни стилови, текстури и бои.
Оваа сезона, трендовите ги слават светло зелените, жолтите, сините нијанси како и цветните принтови и екстремните должини – од макси до микро димензии, кои Хајди ги прифати во нејзиниот секојдневен стил.
Блејзерите, како вечно парче и ултимативен тренд во живи бои за 2022 година, супермоделот ги комбинира на елегантен начин во комбинација со останатиот аутфит – панталони и топ, како и кежуал шик со фармерки и маичка.
Цветните фустани со макси должина се уште едно задолжително парче во гардеробата на Хајди кога станува збор за пролетните комбинации. Од ексцентрични стајлинзи кои само таа знае да ги истакне, до широки парчиња со разигран дизајн, во нашата галерија можете да се инспирирате од сестраниот пролетен стил на Хајди.