Grammy е настан на кој не важат модните правила. Црвениот тепих на најголемата музичка вечер е познат по ризичните фустани, драматичните комбинации и обиди за виралност. Сепак, на овогодинешното доделување на наградите, гостите изгледа решија да им пркосат на очекувањата. Ѕвездите кои се појавија во легендарното казино MGM Grand во Лас Вегас, пoкажаа еден тип, таканаречениот урбан гламур. Во овој стил предводеше Lady Gaga, со софистицирана црно-бела тоалета Armani Privé и дијаманти Tiffany & Co, давајќи ни момент на diva.
Ништо помалку не блескаше и машкиот дел, пред се благодарение на мултиталентиранiot музичаr Lenny Kravitz, кој на црвениот тепих донесе сјај на рок ѕвезда во сребрен топ, кожни панталони и чизми.
Vegas glitz & glam темата, беше придружена од многу други познати личности како St.Vicent, Donatella Versace, H.E.R… носејќи смели и екстравагантни креации на црвениот тепих на 64-от музички настан, што можете да го погледнете во нашата галерија.
Lily Aldridge