Палачинките се омилен десерт на сите. Некои сакаат празни, други со џем додека трети уживаат во палачинки со Нутела.
Палачинките се многу едноставен десерт и веројатно за многумина првиот десерт што го направиле во животот. Иако многу ги сакаме, тие не се најдобриот избор кога станува збор за витка линија. Како што наближува летото, палачинките се едно од јадењата кои ќе почнеме да ги избегнуваме, но тоа не значи дека целосно ќе се откажеме од нив бидејќи откривме фантастичен рецепт за здрави палачинки без брашно и шеќер.
Рецепт за вегански палачинки без глутен, брашно и шеќер
Состојки за десет здрави палачинки:
– 200 грама сирова хељда
– 2 лажици мелен лен
– половина лажичка сол
– 200 милилитри топла вода
Најпрво, хељдата натопете ја во вода и оставете ја да отстои барем еден час. Потоа процедете ја и ставете ја во блендер. Во блендерот, односно во хељдата, додадете лен, сол и вода и сè убаво изблендирајте. Смесата треба да биде има иста конзистентност како и кај обичните палачинки, па доколку е потребно додадете уште вода додека не ја добиете саканата конзистенција. Пропржете ги на малку масло. Печете ја секоја страна по една минута.
