Луксузниот моден бренд Saint Laurent се упати кон сончевиот Лос Анџелес за својата летна кампања 2022 година.
Пред објективот на Јирген Телер, моделите Фреја Беха Ерихсен, Авар Одијанг, Бинкс Волтон и Лоли Бачи позираа на сонце и ги истакнаа најновите колоритни и сензационални дизајни на уметничкиот директор Ентони Вакарело.
Дизајните се претставени во палета на огнено црвена, магента виолетова и жолта боја.
Saint Laurent за оваа сезона прикажа и комбинезони со изрези и топови без прерамки стилизирани од Пол Синклер. Клучните парчиња во колекцијата се и чантите Kate, Rive Gauche и Le 5 a 7, додека златниот накит е инспириран од осумдесетите.