Можеби сандалите не потсетуваат на летото, но модата се погрижи да го вклучи овој тип на женски обувки во стилот на секоја сезона.
KARL LAGERFELD
Секако, со доаѓањето на пролетта, расположението за носење сандали е многу посилно, бидејќи времето станува се потопло и секако, ова е моментот кога можеме да почнеме да купуваме нови модели, а со тоа и ќе ги збогатиме нашите стајлинзи за време на топлата сезона.
Трендот „party dressing“ кој се појави како доминантен минатата година ги врати на прв план чевлите за забави. Секако, тоа не значи дека моделите од сатен или сандали со светки и кристали не можат да се вклопат во нашите секојдневни стајлинзи. Глам сандалите можат да послужат како додаток кој ќе додаде интензитет и ќе го надгради минималистичкиот и „мирен“ аутфит.
PEDRO GARCIA
Затоа инвестирајте во сандали со светли бои (фуксија, зелена, сина, жолта, портокалова и виолетова кои се меѓу популарните нијанси на сезоната), луксузни текстури и светли украси. Од друга страна, доколку не сте голем љубител на овој тип кој зрачи со гламур, можете да прибегнете кон класичната црна боја или беж тонови и безвременски силуети кои сами по себе зрачат со елеганција.
Во галеријата погледнете ги моделите кои се истакнуваат оваа пролет!
BOTTEGA VENETA