Tрeндовите за кои се дискутира во 2022 година може да бидат по малку и непрактични за секојдневно носење, тогаш сакаме да ја консумираме модата во наједноставната форма. Тука на сцена стапува класиката која го олеснува облекувањето, особено кога сме притиснати со време и инспирација.
Дневната облека, исто така може да биде носител на целиот стил и многу корисна основа која можете да ја надградите со “statement” детали.
Пред се, потребен ви е летен аксесоар, кој секогаш се истакнува во преден план, како плетена рафија чанта или кожни сандали. Потоа едноставен фустан, за секогаш подготвен аутфит, но и ленени кошули и топови со кои високите температури се повеќе подносливи.
Каква и да е вашата естетика, сигурни сме дека ќе ги најдете вашите летни омилени фаворити во нашата галерија: бели пантолони, кожни сандали, плетена голема торба, кошула со кратки ракави, класичен фустан, блејзер, едноделен костим за капење, бел топ, шорцеви и ленена кошула.