Кога ќе се спомене холивудскиот гламур, луѓето обично го замислуваат оној кој чекори на црвениот тепих пред Долби театарот во Лос Ангелес, каде што овогодинешните Оскари се одржаа ноќта помеѓу неделата и понеделникот, два часа по полноќ, по локално време.
ATELIER VERSACE
Некои ќе речат дека овогодинешните изданија од црвениот тепих не беа ништо спектакуларно во однос на церемониите од претходните години и дека од гостите можевме да очекуваме многу повеќе, но и покрај тоа не можеме да кажеме дека сме целосно разочарани.
GUCCI
Vanessa Hudgens, Jessica Chastain, Zendaya, Rachel Zegler, се само дел од актерките кои блеснаа на овој настан во своите раскошни комбинации, додека Timothée Chalamet очекувано беше еден од најдобро облечените мажи.
Кога станува збор за убавината, дефинитивно сме повеќе од задоволни во овој сегмент!
Zoë Kravitz, Jessica Alba и Elsa Hosk ја кренаа класиката на повисоко ниво, па затоа посакуваме да можеме да ги копираме овие изгледи што е можно поскоро. Погледнете ги сите наши фаворити за убавина во галеријата …