Неделата на висока мода во Париз се одржа на почетокот на оваа година, но како што полека, но сигурно се приближуваме кон сезоната на венчавки, која се надеваме дека конечно ќе може да се одржи како што отсекогаш сме замислувале, решивме да ја „прочешламе“ архивата и да ги издвоиме венчаниците, но и фустани кои можат да бидат во тренд оваа година. На крајот на краиштата, дали некогаш сме се сомневале во предвидувањата за трендовите од модните писти?
Ако ја следите високата мода, Giambattista Valli веројатно е првиот бренд кој ви паѓа на ум кога ќе помислите на бајковити, романтични фустани. Но, не смееме да заборавиме и на имиња како Zuhair Murad, Celia Kritharioti или Elie Saab на чии ревии забележавме прекрасни, раскошни креации во кои можете да се замислите на тој важен ден кога ќе го кажете судбоносното „да“.
Малку посмирени модели на фустани, па дури и костуми, забележавме на ревиите на Alexandre Vauthier, Dior и Stephane Rolland, но едно е сигурно – како и да изгледа вашата совршена венчаница, во нашата галерија сигурно ќе ја најдете многу потребната инспирација …