Рекламната кампања на француската модна куќа за пролет/лето 2022 година ја слави елеганцијата и софистицираноста.
Фотографирани во француска вила во Прованса, најубавите дизајни на Вирџинија Виар се визуелно истакнати; како што се украсените фармерки, живописни и светли твид јакни и фустани кои се совршени за сите видови забави.
„Кампањата за колекцијата Ready-to-Wear CHANEL пролет-лето 2022 е ода на младоста чија ноншалантна грациозност ќе одекнува во бескрајните летни денови.
Во дискретниот шарм на вилата во Прованса, фотографите на најдобар начин ја претставија идејата за женственост отелотворена од моделот Вивиен Ронер“, велат од брендот Chanel.