Модната недела во Милано ни донесе многу новитети, но дефинитивно најголемо внимание привлече соработката на италијанската модна куќа Gucci и германскиот спортски бренд Adidas..
Adidas е спортски бренд кој во својот асортиман нуди висококвалитетни патики, тренерки и спортска опрема, но со овој потег влезе во светот на високата мода.
Alessandro Michele, шеф на модната куќа Gucci, овој петок ја претстави колекцијата на Gucci за есен/зима 2022 година. Во морето од одлични парчиња, на многумина најмногу им се допаднаа парчињата создадени во соработка со Adidas.
Покрај облеката во колекцијата, можевме да видиме и неколку интересни патики за кои веруваме дека ќе бидат уживање за сите љубители на патики.