Од редовите на британската армија пред многу години на минатиот век, па се до денешните модни писти, карго панталоните ја освоијија и модната сцена. Спојувајќи ја воената естетика и влијанието на уличниот стил, познатиот модел на панталони и оваа сезона ги задржа препознатливите џебови со широки кроеви.
Можете да ги носите и комбинирате на повеќе начини, без разлика дали имате идеја да им дадете женственост со избирање на соодветен материјал како кожа во комбинација со високи потпетици или пак преферирате да ја истакнете нивната препознатлива „машка линија“ избирајќи маслинеста нијанса со очекуваниот широк крој. Познатата форма одлично се вклопува со кратки топови, а совршената кежуал комбинација надополнете ја со тренди патики.
Дозволете нашите предлози од улиците на светските метрополи да ве инспирираат кога станува збор за комбинирање на ова безвременско парче.