Подолг ден, потопло време и повеќе сонце се првите гласници на пролетта …
Иако зимата сè уште е на календарот, во воздухот се чувствува мирис на пролет. Пролетта, исто како и есента, е најкреативното годишно време кога во прашање е модата. Во пролетта природата се буди, а заедно со неа се буди и модната сцена. Пролетта внесува свежина во нашите комбинации кои стануваат посветли и пошарени.
Друга предност на пролетта е тоа што можеме да комбинираме разиграни лесни фустани, здолништа и шорцеви со робусни зимски чизми, што е многу модерно, додека од друга страна можеме да носиме сандали со долги панталони.
Чевлите се клучен дел од целосниот изглед, затоа во продолжение ви ги откриваме трендовите за оваа пролет.