Модели кои одговараат на сите жени!
Создавајќи пролетна колекција и барајќи ги оние парчиња кои ќе ни дадат флексибилност и практичност, невозможно е да не ги спомeнеме фустаните.
Можеби доминацијата на мини моделите започна, но миди фустанот секогаш ќе биде еден од основните елементи на нашата гардероба. На пролетта и се потребни бои, „разиграни“ дезени и секако модели и нијанси кои ќе ни го подобрат расположението.
Миди фустаните одговараат на сите типови на тело и ласкаат на секоја силуета. Тие можат да се носат во разни пригоди и дефинитивно ќе делуваат како клучен елемент кога се креира модерен стил.
За работа во канцеларија можете да ги комбинирате со блејзер и тренч мантил, додека за вечерен изглед имате можност да изберете слип миди фустан кој ќе го носите со маица или кошула и сандали на високи потпетици. Без разлика на вашиот стил и карактер, сигурно ќе го најдете оној кој ви одговара.