Враќањето на еден од најголемите модни настани, покрај големите имиња што ќе имаме можност да ги видиме, го одбележа и отсуството на Том Форд и Том Браун поради околностите предизвикани од пандемијата. Со мешавина од дигитални презентации, презентација на колекција од писта и пренос во живо, овогодинешната модна недела сигурно нема да биде традиционалниот моден настан на кој сме навикнати досега.
PROENZA SCHOULER
Колку и да е тешко да се влезе во модната индустрија, уште потешко е да се остане на врвот. Градењето на еден бренд е пречка која мал број дизајнери ја отстранија. Тоа, сигурно, му успеа на дуото кое стои зад познатиот бренд Proenza Schouler, Џек МекКолоу и Лазаро Хернандез.
Презентираната колекција е совршен спој на парчиња совршено споени во целината, доминираат софистицирани силуети на фустани, панталони со висок струк, палта со остри кроеви, елегантни блузи во комбинација со предимензионирани здолништа, сето тоа надополнето со палета на бои составена претежно од црна , маслинесто зелена и кафена со нијанси на виолетова, сина како и неочекуван животински принт.
ZIMMERMAN
Специфичноста на дизајнот која ја претстави брендот Zimmerman (сакале или не) навистина создава посебен ефект, оставајќи впечаток. Фустан со „паф“ ракави, 3D украси, ѕвезди и принтови исто така ги освоија љубителите од поумерената естетика.
ZIMMERMAN
Прекрасната колекција на Ула Џонсон прикажана во градската библиотека во Њујорк (со инсталација на познатиот американски скулптор Алма Ален која го красеше централниот дел на пистата) беше мошне интересна.
И ако нејзината специјалност, по која е препознатлива, се однесува на фустани со принт, бујни волани и предимензионирани ракави, она што имавме можност да го видиме вклучуваше многу повеќе, а тоа е тексас, потоа кожни додатоци и накит. Како и секогаш, ракотворбите одиграа централна улога во колекцијата, без разлика дали се работи за трикотажа или цветни везови.
ULLA JOHNSON
CHRISTIAN SIRIANO
ECKHAUS LATTA
BRANDON MAXWELL
ECKHAUS LATTA
BRANDON MAXWELL
Британскиот дизајнер Кристијан Кауан навистина изгледа „мирно“. Познат по облекувањето на поголемиот дел од сцената на ноќниот живот на Менхетен, ни носи сјај на пистата со препознатливите фустани за забава во кои доминираат пердуви и светки. Едно е сигурно, неговата мода едноставно бара подиум за играње.