За Денот на вљубените, Купидон ја насочи својата стрела кон прекрасните чанти …
Чантите во форма на срце не натераа да чувствуваме пеперутки во стомакот. Вечниот симбол на љубовта е овековечен на голем број омилени кожни производи, од луксузните брендови меѓу кои Celine, Dior и Saint Laurent.
Заборавете да го носите своето срце на облеката, оваа година ставете го преку рамо.
За брендот Celine љубовта е во воздухот. Само погледнете ја капсула колекцијата за за Денот на вљубените. Во фокусот е срцето, што може да се забележи во изборот на кожни мини чанти и чанти за рамо.
Dior, капсула колекцијата „Cupidon“, содржи ексклузивен принт кој го слави Ерос, грчкиот бог на љубовта. Понудата содржи и повторување на препознатливата Lady Dior чанта на Dior, со Cannage шев обликуван во романтични срца.
Мотивот на срцето е синоним за францускиот бренд Saint Laurent, уште од времето кога неговиот основач создал кристален брош во форма на срце во 1962 година. Сега „Riva“ е голема чанта на брендот, украсена со срциња во различни бои.