Комбинацијата на природни елементи, со модерни парчиња кои ја откриваат иднината во декорацијата, се оригинална идеја на Палтроу, која ја реализирала со архитектонското биро и резултатот е едноставно прекрасен. Дрвените и мермерните површини се вклопуваат убаво со остатокот од декорот и градежните материјали. Впрочем, во целата природна и толку модерна тема која преовладува, се наоѓаат потребните луксузни детали, кои го надградуваат декорот и даваат непретенциозно впечатлив и луксузен карактер.
Зелените тревни површини служат за бескрајни часови релаксација, а под сенката на високите дрвја, има голем базен со лежалки, како и дополнителен простор кој често се користи за настани кои актерката ги организира во посебни пригоди.

Слична дизајнерска филозофија се користи и во ентериерите. Простори полни со бои, глам-детали кои го зголемуваат чувството на луксуз прават куќата навистина да изгледа огромно, додека функционалниот мебел и модерните уметнички дела уникатно ги красат ѕидовите и површините и се само дел од елементите кои го будат нашиот интерес.

„Моќта на домот лежи во суптилните нијанси на светлината и просторот“, вели Палтроу. „Потрошивме многу време проценувајќи ги семејните стандарди, како навистина живееме, што прави да се чувствуваме удобно. Се фокусиравме на нашите искуства во оваа куќа, но и на нашите најсилни емоции“, додаде таа.
