Денот на вљубените е ден во годината во кој свечено се слави љубовта.
Треба да сакате подеднакво во текот на годината, а Денот на вљубените е тука да се покаже и докаже на саканата личност колку ние всушност ја сакаме.
Иако Денот на вљубените се смета за ден резервиран за паровите, тоа не мора да биде така бидејќи Денот на вљубените е ден на љубовта, а љубовта можеме да ја чувствуваме кон сите: мајката, браќата, пријателите…
Заштитен знак на Денот на вљубените дефинитивно се срцата кои се секаде присутни на овој празник на љубовта. Така ќе биде и оваа година со маникирот, во знакот срцето.