Во Selfie Museum во Skopje City Mall може да се забавувате, да направите селфи фотографии и видеа на 18 различни содржини/ позадини и да ги објавите на своите профили на социјалните мрежи.
Selfie Museum е одлично место за забава со пријатели или дојдете сами бидејќи има поставено триподи за самостојно сликање. Со разновидноста и атрактивноста на содржините нудиме одлични услови за совршени Instagram, Facebook или Tik Tok видеа и фотографии.
Ангелски крилја, џиновски крофни, кафе во Париз, луксузна када …. се само дел од содржините со кои може да се фотографирате во Selfie Museum.
Selfie Museum се наоѓа на I кат во Скопје Сити Мол и ќе биде отворен за посетители во периодот од 4 февруари до 10 март 2022 година.
Работното време на Селфи Музејот ќе биде секој ден, од понеделник до сабота од 10.00 до 22.00 часот, а во недела од 10.00 до 20.00 часот.
Содржините се пригодни за сите возрасти, но најмногу одговараат за деца над 8 години, младинци, млади и сите што се чувствуваат така.
Влезницата во Селфи Музејот ќе чини 100 денари поединечно или 360 денари за 4 посетители.
*за деца до 6 години влезот е слободен
Времетраењето на посетата е ограничено на 40 минути, што е и повеќе од доволно време за да се направат фотографии во сите содржини.
Мерки за заштита од Ковид 19 – бројот на посетители во исто време е ограничен на 15, задолжително е дезинфицирање на влезот од Selfie Museum, носење на маска и почитување на дистанца.
Дојди, сликај се, забавувај се!