По долгиот и студен јануари, сите сме подготвени за февруари кој со себе носи модна возбуда, а и со нетрпение ги очекуваме претстојните модни недели.
Повеќето од нас веќе со нетрпение ја очекуваат пролетта, живописните принтови, светлите бои, лелеавите фустани и атрактивни сандали. Сепак, додека очекуваме подобро време, можеме да експериментираме со комбинирање на парчиња кои сугерираат подобро време со класичните зимски кои сè уште ни се потребни.
(7 модни комбинации кои ќе ги носите во февруари)
Еден од најлесните начини да се префрлите од зимска на пролетна гардероба е да ги замените клучните парчиња, капутите со џемпери, потемните нијанси во пастелни или посветли. Со потоплите месеци на прагот, февруари е совршено време да започнете да ги носите вашите омилени фустани. Со нив, сепак изберете атрактивни чизми со ѓон за да ве топлат.
Кошулата со пруги повторно е на дневен ред, а веќе сега можеме да ја носиме во комбинација со фармерки и кожни здолништа.
Плетениот елек останува во сила во текот на 2022 година, обезбедувајќи ни многу можности за носење. Доколку се одлучите за светли бои, можете безбедно да го комбинирате со кожни панталони.
Познатата компонента на слоевитото облекување е тенка ролка, која е полн погодок со здолништето до колена.
Нема да погрешите ако изберете џемпер со цветни мотиви и на вашиот изглед му дадете пролетен пресврт.
За чувство на свежина во облеката изберете тотален изглед во една боја, од глава до пети, а бидејќи ниту една нијанса не е посвежа од белата, изберете џемпер во споменатата нијанса што ќе го носите со панталони во иста боја.
Џемперот од густо ткаење заменете го со плетен фустан, додека фармерките или панталоните смело ќе ги ротирате со бермуди, успешно комбинирајќи ги со блејзери и хулахопки.