Холивудската sвезда зрачи со бохо естетика речиси со секој изглед во кој се појавува. Без разлика дали се работи за хеклан елек или сандали со врвки (популарните римјанки), гардеробата на Сиена сигурно ќе биде покриена со бохо основи.
Но, како вистинска стилска икона – таква каква што е, нејзината облека укажува на најновите трендови, свежи од модните писти.
40-годишната актерка беше забележана на кошаркарски натпревар во Њујорк, во најголемиот тексас тренд за пролет/лето 2022: широки фармерки.
Ги одушеви сите со својата појава. Сиена ги спои светло сините широки панталони со темна тексас кошула. Во црн капут преку дуплиот тексас, во рацете носеше кожна, кобалтно сина чанта од Марк Џејкобс. Изгледот го заокружи во нејзин манир, со чизми од велур.