Празничната трпеза е незамислива без познатите бомбици. Постојат безброј рецепти за овие мали, тркалезни, слатки колачиња, а се прават многу лесно.
Состојки:
- 250 гр суви сливи (без семки)
- ванилин шеќер
- 100 гр.посни бисквити
- 100 гр. шеќер
- 50 гр. мелени лешници
- 50 гр. мелени ореви
- 100 мл сок од портокал
- рендана кора од портокал
- 2 лажички арома на рум
Подготовка:
Целиот потребен материјал се меле или ситно да се исецка. Масата не мора целосно да се дроби, доволно е да може да се формираат топчиња. Со раце, малку подмачкани со масло, формирајте топчиња со големина на орев, наредете ги во хартиени корпички и оставете да се изладат и стегнат во фрижидер. Ако мислите дека смесата е премногу сува, слободно додадете уште сок од портокал.