И покрај фактот дека годината што е зад нас не може да се пофали дека е „пост-пандемијска“, кога модата е во прашање, имавме многу причини да се чувствуваме возбудени. Виртуелните модни моменти ги освоија интернетот и модните ентузијасти.
ALAÏA
Значајни модни дебитанти, познати личности кои експериментираа на црвениот тепих, враќањето на Модните недели, се само дел од модните моменти кои ја одбележаа годината која е зад нас. Многу дизајнери нè наведоа да размислуваме, како што се Marck Jacobs, Balenciaga-in Demna, Alessandro Michele од Gucci и мноштво млади талентирани луѓе кои создаваат ширум светот.
BALENCIAGA
Неодамна во модниот свет ништо не привлече внимание како дебито на новиот креативен директор на Баленсијага. Сè беше испланирано до најмалите детали. Фармерки со висок струк, скулптурни фустани и препознатливите тренч палта на Balenciaga. гордо сместени во автентичниот амбиент на Avenue George V.
GUCCI X BALENCIAGA
Неочекуваната соработка на двете познати куќи Gucci и Balenciaga, како и нивните креативни директори, е само еден во низата настани што не возбуди. Францускиот дизајнер JACQUEMUS се врати во полн сјај по едногодишна пауза со спектакуларната модна ревија во Париз.
JACQUEMUS
Чевли на џиновска платформа и вештачко крзно се само дел од деталите на колекцијата „Happiness“ на Марк Џејкобс, за која на големо се зборуваше.
MARC JACOBS
„Позлатени бели дробови“ кои ги носеше Бела Хадид на црвениот тепих во Кан.
BELLA HADID
Неверојатната колекција на брендот Валентино беше спектакуларно прикажана во венецијанското бродоградилиште.
VALENTINO
“Weet look”, фустанот од Balmain, златниот метален елек се само дел од изгледите кои се заслужни за титулата модна икона на Зендаја.
ZENDAYA
40-те познати дизајнери кои му оддадоа почит на Алберт Елбаз на модната недела во Париз никого не оставија рамнодушен.
A TRIBUTE FASHION SHOW IN HONOUR OF ALBER ELBAZ
Џенти Јејтс, костимографка на филмот “House of Gucci”, истакна дека во текот на 54-те дена од снимањето на Лејди Гага, во улогата на Патриција Реџиани, никогаш не го повторила изгледот, дури ни обетка, која дефинитивно го однесе Gucci на врвот на модни моменти во изминатата година …
LADY GAGA / HOUSE OF GUCCI
Нема човек од модната индустрија кој не бил шокиран од веста за смртта на модниот магионичар Вирџил Абло. Неговата дијагноза остана тајна до самиот крај, додека неговата работна етика и позитивната перспектива не наведоа да веруваме дека е во добра здравствена состојба.
VIRGIL ABLOH
Долгоочекуваната премиера на SATC „And Just Like That“, покрај многуте изненадувања, што се однесува до модата, беше храбра и фокусирана како што очекувавме. Ја видовме Миранда во Dries Van Noten, Кери остана доследна на Маноло Бланик додека Шарлот не изненади со Оскар де ла Рента.
CARRIE / AND JUST LIKE THAT