Рецепт за викенд …

Вкусен, сочен, здрав оброк кој се препорачува на сите, бидејќи лососот е нутритивно комплетна храна, а во исто време и многу вкусен.
Ако лососот бил во фрижидер, оставете го да отстои на собна температура најмалку половина час, бидејќи месото, генерално, не сака драстични промени на температурата. Филетите исушете ги со хартиена крпа бидејќи така ќе бидат покрцкави, нема да испуштаат многу вода, особено ако филетите биле претходно замрзнати.
Состојки:
1 кг филе лосос, 3 компири, 4 моркови, 1 праз, црни маслинки, 1 дл бело вино, лук, сол, рузмарин, маслиново масло Подготовка:
Филетите од лосос ставете ги во соодветен сад за печење. Посолете, додадете 1 дл бело вино и неколку лажици маслиново масло. Додадете рузмарин или некои други зачини, по ваша желба. Покријте со алуминиумска фолија и оставете во фрижидер да се маринира неколку часа или уште подобро преку ноќ.
Пред да одлучите да го печете лососот, подгответе го зеленчукот. Ќе ви требаат компири, моркови, праз и лук кои ќе ги исчистите и ќе ги исечкате на поголеми парчиња, зачинете ги со сол и бибер и ќе ги измешате. Додадете ги маслинките. Се ставаат во сад над лососот, се покрива со фолија и се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути. Потоа извадете ја фолијата, намалете ја температурата на 180, рибата ставете ја врз зеленчукот и продолжете со печењето уште десетина минути, додека зеленчукот не омекне, а лососот убаво не порумени.