На прекрасниот брег на Сен Тропе, со прекрасен поглед на океанот, се наоѓа куќа која е дефиниција за луксуз.
Доминацијата на златни, темни нијанси во контраст со беж тонови ни дава чувство на удобност и елеганција во исто време. Оваа куќа е прилично голема, што овозможува да се дефинираат многу области во една просторија. Се состои од два ката, горниот кат каде има елегантна спална соба со фантастичен гардеробер и долниот кат кој се состои од кујна, дневна, трпезарија и базен.
Карло Донати, еден од најпознатите дизајнери во светот, со атраст ја дизајнираше оваа куќа во Сен Тропе во соработка со Essential Home, бренд за луксузен мебел.
Продлабочувајќи ја архитектурата на куќата, со минималистичка естетика, внатрешноста е составена од палета на бои во светли тонови како сива, беж и бела. Впечатливиот мермер и дрвото во светли нијанси биле основа за еклектичен избор на мебел и уметнички дела, додека чистите линии, минималистичките украси и совршено дизајнираните, модерни елементи проникнуваат во амбиентот со чувство на стогост и луксуз.
Црните и бронзените детали и извајаниот мебел изгледаат импресивно, па затоа реновираната куќа е совршен пример за тоа колку едноставните, експресивни гестови можат да имаат огромно влијание дури и во мал простор. Комбинацијата на прекрасни материјали кои на најидеален начин го поддржаа избраниот стил, овозможува целосно релаксирачка и стилизирана средина.
Дизајнерот детално ги проучил боите, мебелот и дополнителните елементи кои биле вградени, обезбедувајќи светла средина која се карактеризира со фантастичен дизајн и со удобност што владее во секој простор.