Авокадото е храна која неодамна стана многу популарна. Причината за ова е веројатно затоа што се поголем фокус се става на здравата исхрана, а кога станува збор за здрава исхрана, авокадото е одличен извор на здрави масти.
Но, бидејќи авокадото е богато со масти, тоа е многу калорично, па затоа не се препорачува да го консумирате во големи количини, особено ако сакате да изгубите тежина.
Ако некогаш сте купиле авокадо, тогаш сигурно знаете колку е тешко да го пронајдете совршеното авокадо кое можете да го конзумирате веднаш по купувањето, но затоа ние сме тука, тоа да ви го откриеме. Постојат мали трикови за чување на авокадото бидејќи авокадото е прилично незгодно кога станува збор за складирање.
Доколку сакате да купите авокадо кое е веднаш спремно за консумација, иако, веднаш ќе споменеме, такво авокадо е многу тешко да се најде, тогаш треба да биде меко на допир. Но повторно од друга страна, не смее да биде премногу меко бидејќи таквото авокадо е скапано. На авокадото кое е спремно за консумирање, дршката му паѓа самата од себе.
Колку пати ви се случило да јадете една половина од авокадо, а другата половина да ја оставите во фрижидер и утре да ве пречека црно авокадо? Постојат многу трикови за да спречите поцрнување на авокадото, но мислиме дека го откривме наједноставниот, најбрзиот и најефективниот начин.
Сè што ви треба за да го одржите вашето авокадо свежо е мала чинија и вода. Малата чинија треба да се наполни со вода и во неа да се натопи авокадото од месестата страна. Овој начин на чување на авокадото ќе го спречи поцрнувањето на авокадото.
Тврдото авокадо треба да се чува надвор од фрижидер.
Ако сакате да го забрзате процесот на зреење, тогаш ставете го авокадото во кафена хартиена кеса.