Храната може да биде лек за вашето тело, но може да биде и отров.
Toa што го внесуваме има големо влијание врз нашето здравје и позитивно и негативно. Храната е директно поврзана со нашето здравје. Затоа е многу важно да внимаваме што јадеме и пиеме бидејќи тоа има големо влијание врз нашиот организам.
За некои производи знаеме дека се отровни како некои отровни печурки, исто така, за некои намирници општо е познато, како што е солта, дека во големи количини лошо влијае на нашето здравје, но подолу ви откриваме намирници кои малкумина знаат дека во големи количини имаат штетен ефект врз нашето здравје.
1. Брокула и зелка
Ако имате проблеми со тироидната жлезда, овие две намирници дефинитивно треба да ги избегнувате бидејќи брокулата и зелката содржат сулфурни соединенија кои ја попречуваат апсорпцијата на јод.
2. Спанаќ и блитва
Оксалатите во спанаќот и блитвата се штетни за оние кои имаат проблеми со камења во бубрезите и покачен калциум.
3. Цимет
Циметот содржи кумарин кој ги оштетува бубрезите и црниот дроб, а во поголеми количини може дури и да го зголеми ризикот од рак.
4. Сирење
Сирењето не само што е полно со заситени масни киселини кои се штетни за срцето, туку содржи и многу сол.