Без разлика во којa модна гупа припаѓате, таа што се “колне” во патики или во другата, дека не може да замисли ден без високи потпетици, едно е сигурно – добар пар чевли на висока потпетица никого не остава рамнодушен!
Во најголем дел, љубителките на штикли ќе бидат воодушевени од фактот дека на радарот на модните експерти се појави модел на чевли, кој опасно се заканува да освои култен статус во 2022 година, иако всушност не сме виделе дел ни дел од она што не чека во светот на модата следната година. Тогаш можете да замислите колку се прекрасни!
Станува збор за некогаш исклучително популарните салонки со отворена пета кои ги носеа Коко Шанел и Мерлин Монро (во култната сцена со здолништето) во 50-тите, а кои добија сосема поинаков, нешто поелегантен амбиент во текот на 80-тите.
Исто така, сите се сеќаваме на J’adior салонките со отворени пета и машни кои сите трендсетерки ги носеа во текот на 2017.
Денес, брендот Сен Лоран е тој што поставува нови модни правила во овој поглед, а кои другите брендови несомнено ги следат.
Погледнете ја нашата галерија и откријте ги моделите кои дефинитивно ќе ги гледаме насекаде во 2022 година!